ПОСЕТАТА НА ПЕТКОВ НА СКОПЈЕ БИЛА ИЗБРЗАНА Радев вели дека Пендаровски се сретнал со сепаратисти

608

Според претседателот на Бугарија, Румен Радев, посетата на премиерот Кирил Петков на Република Северна Македонија беше избрзана.

Посетата на премиерот беше избрзана, имав искрени разговори со него, рече претседателот Радев во одговор на прашање. За бугарската дипломатија е важно целосно да го реализира својот професионален капацитет, да не верува на надворешната експертиза, невладините организации и да не подлегнува на надворешниот притисок, рече шефот на бугарската држава.






– Секоја избрзана акција на бугарската влада, секој позитивен прелиминарен сигнал може погрешно да се протолкува како некакви отстапки од бугарска страна – изјави Румен Радев.

Прашан за средбата на претседателот Стево Пендаровски со ОМО Илинден, Румен Радев рече дека за жал постапките и однесувањето на претседателот на Република Северна Македонија не придонесуваат за толку посакуваниот напредок на РСМ кон ЕУ.

– Секое барање за реципроцитет во граѓанските права е контрапродуктивно. Македонските Бугари се борат за еднаквост, која ќе биде загарантирана во нивниот Устав со регистрирање. Тие се борат за нивна целосна интеграција во јавниот живот на државата. Тоа е радикално различно од сепаратистичките ставови и малцинските тврдења што ги исповедува народот со кој се среќава претседателот Пендаровски – рече шефот на државата.

Тој вели дека е Бугарија цело време иницирала дијалог, но дека македонските политичари кога оделе на турнеја низ европските метрополи, ја избегнувале Софија.

– Мило ми е што тој дијалог почнува да се случува. Во контакт сме со претседателот Стево Пендаровски, но ќе бараме погоден момент за средба на високо ниво, секако зависи и од неговите постапки – изјави Румен Радев.

Претседателот Румен Радев одговараше на новинарски прашања пред неговото учество на настанот „Светот напред 2022“ во организација на „Економист“ во Софија, каде што е почесен гостин и говорник.

Поврзани содржини