ПОСЕТАТА НА МИЦКОСКИ КАЈ КРАЛОТ ЧАРЛС ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО ИСТОРИЈАТА Граѓаните ќе го видат бенефитот од соработката со Британија во годините што следат

Прв пат македонски премиер е поканет на прием во официјалната резиденција на монархот на Велика Британија. Имаше неколку уметници од Балканот, од тројца уметници, двајца беа од Македонија и тоа беа самостојни покани и тие не беа во делегацијата на Владата – рече Николоски.   

1,419

Македонија го имаше ексклузивитетот да има посебна билатерална агенда во рамки на Самитот на Берлинскиот процес што се одржа во Лондон. Покрај тет а тет средбите со премиерот Кир Стармер, билатералните средби со министрите во Владата, имавме чест да бидеме примени од Кралот Чарлс, а честа за Македонија е уште поголема бидејќи имаше и двајца уметници од државата кои беа примени од Кралот, истакна вицепрeмиерот и министер за транспорт Александар Николоски во гостувањето на Радио Лидер.

Ова, според вицепремиерот Николоски, ги подигнува односите меѓу двете држави на уште повисоко ниво.






– Имавме големa чест покрај сите држави кои учествуваа на Берлинскиот процес, да имаме дводневна засилена билатерална агенда. Остваривме средба со министерот за економија и трговија со чиј ресор го потпишавме договорот Влада со Влада. Тој е искусен министер, дел е од кралското семејство има и кралска титула, инаку беше министер за европски прашања на Велика Британија кога Македонија требаше прв пат да ги почне преговорите. Потоа имавме средби со Министерството за финаниси, а клучната средба ја имаше премиерот Мицкоски со премиерот Стармер, имаше два разговори со премиерот Стармер, една тет а тет средба и втора неформална средба. Имавме средба со министерката за надворешни работи и најзначајното, премиерот Мицкоски и јас да добиеме покани од Кралот Чарлс. Не се случува тоа често во историјата на оваа држава. Прв пат македонски премиер е поканет на прием во официјалната резиденција на монархот на Велика Британија. Тоа беше голема чест, пред сѐ, за премиерот Мицкоски и лично за мене. Она што ми е драго имаше неколку уметници од Балканот, од тројца уметници, двајца беа од Македонија и тоа беа самостојни покани и тие не беа во делегацијата на Владата – рече Николоски.

Тој додава дека оваа посета ќе остане во историјата и дека ја носи Македонија во една друга димензија и тоа е нешто од што граѓаните ќе го видат бенефитот во годините што следат.

 

Поврзани содржини