ПОСЕТА НА ЗАТВОРЕНИТЕ ОД „ДИВО НАСЕЉЕ“ САМО АКО ДАДЕ СУДОТ Маричиќ ја коментира најавената визита од Косово
Доколку побара и доколку добие одобрение од Судот таа средба ќе се оствари. Не се работи за политичка проценка на Министерството за правда или на мене како министер, дали некоја средба ќе се случи, туку е проценка на Судот, изјави Бојан Маричиќ во емисијата „360 Степени“.
Странски државјанин, во случајот заменик минитер за правда на Косово би можел да се сретне со осуденици од наш затвор во Македонија, но за тоа дозвола треба да даде судот, а не нашето министерство. Ова за ТВ Алсат вечева го објасни македонскиот министер за правда Бојан Маричиќ, по најавите дека неговиот косовски колега планира да ги посети затворениците од предметот „Диво Насеље“.
– Доколку побара и доколку добие одобрение од Судот таа средба ќе се оствари. Не се работи за политичка проценка на Министерството за правда или на мене како министер, дали некоја средба ќе се случи, туку е проценка на Судот – изјави тој во емисијата „360 Степени“.
Според Маричиќ, ова не би било првпат странски дипломат или политички претставник да имаат средба со нивни државјани, осуденици во нашите затвори.