ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ЗА ЗАДУШНИЦА ВО СКОПЈЕ Возачите ќе се движат по алтернативна маршрута кон Бутел

Возилата во Скопје в сабота, 14 февруари, ќе се движат по кружна маршрута кон Бутел од 06:00 часот поради Задушница. Посебни мерки ќе важат и околу гробиштата Камник, Драчево и во Ѓорче Петров.

197

Верскиот празник Задушница ќе донесе изменет режим на сообраќај во главниот град. Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје најави посебни мерки што ќе важат утре, 14.02.2026 година, од 06:00 часот.

Сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива кружно и во една насока. Возилата ќе се движат по улица Бутелска, потоа лево по улица Александар Урдаревски, повторно лево по улица Боца Иванова и десно кон влезот на гробиштата Бутел.






Излезот ќе се одвива десно по улица Боца Иванова, до кружниот тек на улица Бутелска, па лево по улица Бутелска и десно по улица Кемал Сејфула.

Посебен режим ќе се воведе и во близина на гробиштата Камник, Драчево и Ѓорче Петров, каде што се очекува зголемена фреквенција на возила и граѓани.

Министерството за внатрешни работи апелира граѓаните да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници на сообраќајниците опфатени со посебниот режим.

Поврзани содржини