ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО СКОПЈЕ, ЌЕ СЕ ОДРЖИ ТРКА Еве кои булевари ќе бидат затворени
Како што соопшти СВР Скопје, трасата на движење ќе почне од булеварот Илинден пред фонтаната Лотус (старт и цел), ќе продолжи право по должина на булеварот Илинден до крстосница со булеварот 8 Септември каде се врти полукружно назад по булеварот Илинден до целта - фонтана Лотус.
Поради одржување улична трка (Авицена женска трка), претпладнево ќе има посебен режим на сообраќај околу булеварот Илинден во Скопје.
Како што соопшти СВР Скопје, трасата на движење ќе почне од булеварот Илинден пред фонтаната Лотус (старт и цел), ќе продолжи право по должина на булеварот Илинден до крстосница со булеварот 8 Септември каде се врти полукружно назад по булеварот Илинден до целта – фонтана Лотус.
„Сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. Апелираме до сите граѓани, учесници во сообраќајот, да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници“, соопшти СВР Скопје.
Стартот на трката е предвиден за 10 часот кај фонтаната Лотус и е планирано да трае до 11 часот.