ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ВО СКОПЈЕ Бадникови поворки и манифестации ќе се одржат на повеќе локации
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот, како и мерки за посебен режим на сообраќај на сообраќајниците каде што ќе се движат Бадниковите поворки и околу верските објекти, информираат од СВР Скопје.
Посебен сообраќаен режим ќе биде воведен денеска на подрачјето на град Скопје каде по повод христијанскиот празник Бадник ќе се одржат повеќе манифестации.
Свечен собир на Кумовите бадникари ќе се одржи на платото пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“, како и Божиќна манифестација во склоп на Бадниковите поворки од пред Оштина Кисела Вода, по ул.„Петар Дејлан“, по ул.„Борис Трајковски“, бул.„Македонија“, по ул.„Св. Кирил и Методиј“ до пред Музејот на Град Скопје, потоа на ул.„Македонија“ сè до плоштадот „Македонија“ каде што ќе се одржува централната манифестација.
„Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот, како и мерки за посебен режим на сообраќај на сообраќајниците каде што ќе се движат Бадниковите поворки и околу верските објекти“, информираат од СВР Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.