Поради верскиот празник Задушница, денеска и утре, во периодот од 6 до 16 часот, на гробиштата во Бутел, Камник и во Ѓорче Петров, каде се очекува зголемен интензитет на сообраќајот, од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот во посочените реони, информираат од Министерството за внатрешни работи.
По потреба, сообраќајот ќе биде пренасочен и на гробишта Ѓорче Петров по улица Црногорска, а на гробиштата Камник по улица Јужноморавски бригади и улица Роман Каскалиевиќ.