Посебен режим на сообраќај во Скопје поради протест на ВМРО-ДПМНЕ

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници

446

Поради најавен протест организиран од страна на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ денеска, утре и в четврток во Скопје, во периодот од 15 до 17 часот, за сообраќај ќе бидат затворени крстосницата помеѓу булeварите Гоце Делчев и Крсте Петков Мисирков (ТЦ Мавровка), крстосницата помеѓу бул.Св. Климент Охридски и ул.Св. Кирил и Методиј (зграда на Нова Македонија) и крстосницата помеѓу улицата 11 Октомври и Филип Втори Македонски (Градска болница), информира Министерството за внатрешни работи.

Од тие причини, како што посочуваат, Секторот за внатрешни работи Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на горенаведените и околните сообраќајници.






Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници

Поврзани содржини