ПОСЕБЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ УТРЕ И ЗАДУТРЕ Доаѓаат Урсула фон дер Лајен и Оливер Вархеји
Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји утре и задутре ќе пристигнат во официјална посета на земјава.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 28.09.2021 (вторник) и 29.09.2021(среда) Секторот за внатрешни работи Скопје ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.
Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.