ПОСЕБЕН РАЖИМ НА СООБРАЌАЈ ВО ЦЕНТАР Доаѓа делегација на турското собрание
Од СВР Скопје апелираат до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.
Во Скопје денеска и утре полицијата ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје поради посетата на делегација предводена од Претседателот на Големото национално собрание на Република Туркије Мустафа Шентоп.
Од СВР Скопје апелираат до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.