ПОРТУГАЛИЈА РЕЧИСИ НЕМА КОГО ДА ВАКЦИНИРА Како земјата успеа во инумизацијата и со противниците на овој процес

Земјата вакцинираше 86% од своето население, а дури 98% од луѓето постари од 12 години се целосно имунизирани.

1,441

Португалија беше на работ на протести. Во последната недела од јануари, 2.000 луѓе починаа од коронавирусот. Немаше места во болниците. Властите ги враќаа луѓето да се лекуваат дома.

Потоа, во момент на очај, државата го повика вицеадмиралот Енрике Гувељо е Мело, командантот на подморницата, буквално да го спаси бродот што тоне. Осум месеци подоцна, Португалија вакцинираше 86% од своето население, а дури 98% од луѓето постари од 12 години се целосно имунизирани.






Државата е на работ на имунитет на стадото за кое другите можат само да сонуваат. Како дојде до тоа?

Речиси нема заразени луѓе и никој не умира од ковид-19

Португалија ги укина сите мерки. Клубовите се полни, забавите се на улица, а сепак тие имаат само 600 заразени на 10 милиони луѓе, а тој број се намалува. Нема повеќе мртви од ковид-19.

Како адмиралот ги победи антиваксерите

Адмиралот Енрике Гувељо пристапи кон борбата против коронавирусот како да е вистинска војна.

– Ајде да се разбереме, ова е војна за мене. Моите луѓе умираат, треба да ги бранам, така што ова е битка – рекол закоравениот војник. Тој одби да се поврзе со политичарите и формираше свој тим од 300 војници, математичари, стратези и аналитичари.

– Значи, ако сакате луѓето да ве слушаат, избегнувајте политика и повикајте ги луѓето што го бранат тој народ – рече адмиралот.

Како прво, тој ја повика армијата прво да се вакцинира и армијата одговори. Војник по војник ја примаше вакцината во униформа, а луѓето ги гледаа и полека ги следеа овие млади луѓе.

Како реагираше адмиралот на протестите против вакцината

– На почетокот, ние навистина имавме одлична соработка со луѓето, но како што беше редот на децата да ја примат вакцината, имаше отпор меѓу луѓето. И кога ми рекоа дека противниците на вакцините ја блокирале точката за вакцинација во Лисабон, јас веднаш отидов таму со униформа. Мирно одев низ таа толпа, слушајќи ги лудаците што ми викаа „убиец, убиец“. Застанав пред тие луѓе и убаво им кажав, дека единствениот убиец тука е вирусот, како и дека тука нема место за глупости од 13 век. Им одговарав колку што можев, им пријдов како обични граѓани – вели адмиралот.

Резултатот?

– На почетокот имавме околу 40 проценти од луѓето кои се двоумеа да се вакцинираат. Сега тоа е само два проценти од луѓето. Само треба да ја предупредам мојата земја дека додека не го победиме целосно непријателот, мора да бидеме внимателни – рече адмиралот Енрико Гувељо.

Поврзани содржини