📽 ПОРТУГАЛИЈА ЈА ПОБЕДИ ТУРЦИЈА Инцидент и селфиња на теренот

Португалската репрезентација избори осминафинале на ЕП 2024.

522

Репрезентацијата на Португалија попладнево ја совлада со 3:0 Турција во натпревар од групната фаза на Евро 2024 година.

Во 21. минута погоди португалскиот играч за врска Бернардо Силва, а седум минути подоцна автогол си постигна турскиот репрезентативен дефанзивец Самет Акаидин. Во вториот дел Бруно Фернандеш на асистенција на Кристијано Роналдо го постави конечниот резултат.






Капитенот на португалската репрезентација ја постигна 8-та асистенција во историјата на Европските првенства и се израмни со рекордерот на турнирот – чешкиот напаѓач Карел Поборски.

Четири пати во текот на натпреварот, навивачи влегуваа на теренот за да дојдат до Кристијано Роналдо и да направат селфи со него.

Секако, според правилата на УЕФА, секој од тие упади не беа прикажани во ТВ пренос, но според реакциите од трибините, навивачите беа лути поради егзибициите на оние кои во второто полувреме постојано го прекинуваа натпреварот со што го нарушуваа ритамот на натпреварот.

Проблем со фановите обезбедувањето имаше и по завршувањето на средбата, а тогаш можеше да настрада напаѓачот Гонзало Рамош.

Еден од членовите на обезбедувањето кој веројатно бркаше навивач се лизна пред Рамош и се удри во него. По гестикулацијата на Рамош ударот не беше наивен, па дури можеше да се случеше португалскиот репрезентативец да се повредеше.

Португалија има шест бода и по ремито меѓу Грузија и Чешка (1:1), на едно коло пред крајот на Ф-групата обезбеди влез во плејофот. Турција е на второто место во групата Ф со 3 бода. Грузија и Чешка имаат по еден бод.

Во последниот натпревар од групниот турнир Португалија на 26 јуни ќе игра со Грузија, истиот ден Турција ќе се сретне со Чешка.

 

Поврзани содржини