ПОРТУГАЛЦИТЕ ИСПИШАА ИСТОРИЈА ВО ОСЛО Ја победија Германија, ќе се пресметаат со Данците

За Португалците пласманот помеѓу четирите најдобри е прв на едно големо натпреварување. Досега, ниту еднаш во историјата Португалија не учествувала во полуфинале на ракомет на Светско или Европско првенство.

648

Репрезентацијата на Португалија вечерва во Осло ја победија Германија со 31:30 и се пласираа во полуфиналето на 29. Светско ракометно првенство.

Натпреварот беше решен по дополнителни десет минути, откако основните 60 завршија нерешено 26:26.






За Португалците пласманот помеѓу четирите најдобри е прв на едно големо натпреварување. Досега, ниту еднаш во историјата Португалија не учествувала во полуфинале на ракомет на Светско или Европско првенство.

Противник на Португалија во полуфиналната фаза, в петок во Осло ќе биде селекцијата на Данска.

Во првото полуфинале, утревечер (21 часот) во Загреб се среќаваат Франција и Хрватска.

Поврзани содржини