Бакингемската палата вчера попладне објави два нови портретa по повод неодамнешното крунисување на Чарлс III и неговата сопруга, кралицата Камила. На една од тие слики британскиот крал позира со своите наследници, Вилијам и неговиот син Џорџ.
На новиот портрет, британскиот крал Чарлс III е покрај неговиот син принцот Вилијам, принцот од Велс и внукот принцот Џорџ Александар Луис, кои се следни на редот до круната.
Сликата е снимена во салата на Бакингемската палата. Чарлс III е облечен во кралска облека, седи на еден од столовите на престолот од 1902 година, кои се направени за тогашниот иден крал Џорџ VI и кралицата Марија, за крунисувањето на кралот Едвард VII.
Џорџ позираше во униформа – одело што го носел и на крунисувањето на дедо му, извршувајќи ја задачата на паж. Вилијам беше во свечена облека.