Портпаролот на ФФМ по жолтиот картон за Заев и Пендаровски: Фудбалерите не смеат да се видат ниту со најблиските!

Едноставно ако сакаме да се однесуваме и да играме на европско со тие репрезентации, тогаш мора да го почитуваме и тоа што ни е препишано, рече Андоновски.

1,328

Портпаролот на ФФМ Златко Андоновски вечерва во гостување на Сител Телевизија во врска со изјавата на премиерот Заев дека Сејдини не му дава да се види со фубалерите изјави дека со драго срце го прифаќаат секој повик за поддршка за репрезантацијата од страна на Владата и претседателот, но поради строгите ограничувања пред се од УЕФА, фудбалерите се во таканаречен заштитен меур, и не се дозволува контакти дури и и со најблиските.

– Строгите ограничувања се единствена причина поради која ние моравме да вратиме на дописот од Владата и претседателот Пендаровски пуштајќи ги сите протоколи и од УЕФА, па дури и дисциплинскиот правилник и тоа што веќе во репрезантацијата имаме потврден ковид случај. Едноставно ако сакаме да се однесуваме и да играме на европско со тие репрезентации, тогаш мора да го почитуваме и тоа што ни е препишано – рече Андоновски.

Поврзани содржини