Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, позитивна на коронавирусот

615

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, објави дека е позитивна на ковид-19. Таа вели дека нема симптоми и дека се чувствува добро.

„Би сакалa да ве информирам дека вечерва добив позитивен резултат за ковид-19. Немам симптоми и се чувствувам добро, но се тестирав заради сигурност со оглед на моите професионални, но и приватни активности. Сметав дека така е правилно и одговорно. Во текот на утрешниот ден ќе бидат тестирани и моите деца и сопруг“, напиша Кузеска на „Фејсбук“.






Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вчера на социјалните мрежи објави дека добил позитивен тест на ковид-19.

Поврзани содржини