Портокалов снег ги прекри Пиринеите ВИДЕО

506

Портокалов снег ги прекри Пиринеите, а најпогодено е зимувалиштето Ел Тартер во Андора. Причина за портокаловиот снег е прашината која стасала од Сахара.






Честичките песок и прашина од сахара стигнале со облачниот фронт кој дошол од северна Африка и погодил голем дел од јужна, но и делови од централна и западна Европа.

Покрај Андора, забележано е дека пустинскиот песок стасал и до Шпанија, Франција, Швајцарија.

Метеоролозите наведуваат дека доаѓањето на такви честички во голема концентрација може да бидат штетни за здравјето, бидејќи го влошуваат квалитетот на воздухот. Сепак, како што додаваат, овој феномен обично не трае долго.

Поврзани содржини