На трговците на свежи или сушени портокали, мандарини, клементини, грејпфрут и лимони, со тарифен број 0805, им се забранува да вршат трговија на мало на крајни потрошувачи во објектите кои се наменети за трговија на големо на овие стоки (магацини, складови за трговија на големо, на пазарите за трговија на стоки на големо, како и во други деловни простории кои ги исполнуваат условите пропишани со закон и друг пропис), соопшти Владата, истакнувајќи дека станива збор за одлука за дополнување на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки, донесена на денешната седница.
Одлуката е на предлог на Државниот пазарен инспекторат, бидејќи инспекторите констатирале дека на терен трговците на големо вршат манипулација и прикажуваат промет остварен во најголем дел од трговија на мало, а не од трговија на големо иако тие не располагаат со продажни објекти наменети за трговија на мало.