Порталот Призма открива нов скандал: Владата ангажирала 58 тајни хонорарци!
Владата не сака да ги открие имињата на хонорарците за кои за еден месец платила 37.000 евра.
Владата со над 250 вработени во Генералниот секретаријат, дополнително лани во декември ангажирала 58 луѓе, ама за разлика од вработените што се наведени со име и презиме, овие хонорарци се скриени, па и покрај сите декларирани заложби за транспарентност, Владата инсистира тие да останат анонимни, пишува порталот Призма.
Станува збор за хонорари, кои вкупно за еден месец изнесуваат над 37.000 евра. Во нив спаѓаат ангажмани како пишувач на соопштенија од пресови, пишувачи на разни студии, организатор на продукција, советник за борба против ковид-19, графички дизајнер, монтажер, советник за геодезија, советник за европски интеграции, преведувачи и други. Повеќе за ова на следниот ЛИНК.