🎥 „ПОРТА НА ПОДЗЕМНИОТ СВЕТ“ Мистериозна џиновска дупка се појави на руско-украинската граница

На социјалните мрежи кружат разни теории за тоа што го предизвикало отворањето на џиновската дупка.

695

Во близина на руско-украинската граница одеднаш се појави џиновска дупка, а зачудените локални жители ја нарекоа „порта на подземниот свет“.

Таа е пронајдена во поле со пченка во близина на рударскиот град Гуково во Ростовската област.
На социјалните мрежи кружат разни теории за тоа што го предизвикало отворањето на џиновската дупка.






Некои тврдат дека се урнал „стар рудник за јаглен“, а други дека експлодирал „голем проектил“, пренесува Сан.

Од градската управа посочуваат дека под кратерот немало (активни) мини, а локалните медиуми јавуваат дека дупката е веќе пополнета?!
-Добив работа на која цел свет и завидува. Еве го полето, нивата и дупката. Толку е голема што е страшно да се погледне – се слуша глас на една од снимките со мистериозната дупка.

На интернет кружат и непроверени фотографии од купот нечистотија со кој наводно е затрупана дупката.

Покрај тоа, граѓаните изразија загриженост. Најблиските станбени згради се оддалечени само неколку стотини метри и може да бидат зафатени од свлечиштето.

Поврзани содржини