СТАЛОНЕ Ѝ ПОНУДИЛ ПОРШЕ ЗА ДА МУ БИДЕ ДЕВОЈКА Има ли вистина во тврдењето на ѕвездата на „Гол пиштол“?

Во нејзиното последно интервју за „Емисијата на Енди Коен“, американската глумицата Памела Андерсон, актуелна со новото продолжение на „Гол пиштол“ и со наводната врска со Лијам Нисон, го коментираше негирањето на Сталоне на нејзината изјава од пред две години за наводната понуда да му биде девојка број 1 во замена за Порше и за стан: Епа како можеш да го измислиш тоа?!

1,648

Во нејзиното последно интервју за „Емисијата на Енди Коен“, американската глумицата актуелна со новото продолжение на „Гол пиштол“ го коментираше порекнувањето на Силвестер Сталоне (79) на нејзините наводи. Имено, Андерсон пред две години првпат проговори за неговата наводна понуда да му биде девојка број 1 во замена за Порше и за стан, во нејзиниот документарен филм од 2023 година – „Памела: Љубовна приказна“ (Pamela, a Love Story).

– Е па, како можеш да го измислиш тоа? Мислам, тоа беше доста специфично – изјави таа.






Водителот потоа праша дали има друг автомобил што потенцијално можел да ја промени нејзината одлука… Нејзиниот одговор гласеше: – Можеби „Шелби кобра“ или такво нешто… Не, не, не, не, не!, додаде Памела после иронијата.

Во својот документарец, таа се присети на својот разговор со 21 година повозрасниот Сталоне.

– И, тој ми понуди стан и „Порше“ за да бидам негова девојка број 1. Јас му реков: „Дали тоа значи дека има и ‘број 2’?“ Тој ми вели: „Тоа е најдобрата понуда што ќе ја добиеш, душо. Сега си во Холивуд“… Сакав да бидам навистина вљубена. Не сакав ништо помалку од тоа, раскажа секс-симболот од 90-тите пред две години.

Претставникот на Сталоне кусо потоа ги отфрли тие наводи во изјава за „Пипл“ (People).

– Изјавата од Памела Андерсон што се однесува на мојот клиент е лажна и измислена. Г-н Сталоне потврдува дека никогаш не дал ниеден дел од таа изјава, рече гласноговорникот тогаш.

Сталоне е во брак со супермоделот Џенифер Флавин од 1997 година, а за Андерсон од неодамна кружат „непотврдени наводи“ за врска со нејзиниот колега од „Гол пиштол“ – Лијам Нисон. И Коен го спомна тоа.

– Прашањето што не ти го поставувам вечерва е: Што се случува меѓу вас двајца? Но, сакам да кажам, како твој долгогодишен пријател – сите ваши пријатели многу „ја сакаат оваа врска“, како што велат младиве денес. Само тоа сакав да го кажам!, рече водителот.

Андерсон само се насмевна.

Поврзани содржини