Петро Порошенко, поранешниот украински претседател, член на парламентот на таа земја, е хоспитализиран затоа што има воспаление на двете белодробни крила откако се зарази со коронавирус, соопшти денеска неговата сопруга Марина Порошенко.
– Петро беше однесен во една од болниците во Киев. И покрај фактот дека мојот сопруг има воспаление на обете белодробни крила, тој покажува силна волја, што ја покажа во борбата против оваа болест рече Марина Порошенк-о.
Поранешната прва дама на Украина известува дека Порошенко се однесува во согласност со протоколот на болницата. Освен Порошенко, една од нивните ќерки, исто така има коронавирус.
Порошенко и соопшти на јавноста дека се зарази со коронавирус на 29 септември, а од тогаш беше во домашна изолација.