ПОРОЈНИ ВРНЕЖИ ГО ПАРАЛИЗИРААТ ЗАПАДОТ И ИСТОКОТ Реки излегуваат од коритата, патишта затворени

Екипи на надлежните служби се на терен за расчистување и зајакнување на насипите, додека граѓаните се предупредени на внимателно движење по критичните точки.

2,755

По обилните врнежи од дожд во изминатите денови, на територијата на Македонија се јавија поплави, излевање на реки и свлечишта на повеќе места, но засега нема сериозни критични ситуации.

Штип и Скопје:






Во Штип зачестени се одроните од камења и свлечишта на коловозите, додека во Скопскиот регион нема пријавени нарушувања на редовната состојба.

Охрид и Струга:

Во Охрид нема пријави за поплавени објекти, а надлежните служби го проверуваат критичниот дел на реката Далјан кај селата Орман и Дебелополе. Излеана е Сушица во делот на ул. Прилепска, а ЈП Нискоградба е на терен со механизација за запирање на водата. Има опасност од излевање на реката Далјан кај Косел и село Вапила.
Во Струга поплавени се дворови во 4-ти Реон, а ТППЕ Струга е на терен со пумпи за испумпување на водата. На патот Дебар–Струга има одрони, кои се расчистуваат од Македонија Пат.

Велес:

Во велешкиот регион нема нарушувања на редовната состојба поради врнежите.

Битола и Крушево:

Во селата Кравари, Жабени и Породин се поплавени земјоделски површини. Излеана е Елешка река, но нивото на водата се повлекува. Патот за Буковски манастир е раскопан, а ЈП Нискоградба интервенира со градежна механизација. Поради оштетување на мостот на Боишка река, локалниот пат за село Мренога е затворен. Во Крушево Црна река е покачена, но стабилна, а насипите се зајакнуваат. ЕЛС Крушево ќе формира комисија за пријавување штети од поројните врнежи.

Прилеп и Долнени:

Во селата Лажани и Пешталево поплавени се дворови и приземни простории, како и тутунски насади. Градежна механизација интервенира за расчистување на каналите.

Ресен:

Поплавени се земјоделски површини, дворови, куќи и магацини за складирање јаболка. Голема Река се зголеми од 1,40 м на 1,65 м. Екипите на ЈП и ЕЛС Ресен се на терен со градежни машини и пумпи за црпење вода.

Струмица, Куманово, Тетово:

Во овие региони засега нема пријави за штети, излевање на реки или одрони. Сите патни правци се проодни, со влажни коловози.

Надлежните служби постојано ја следат состојбата и интервенираат каде е потребно, а граѓаните се повикуваат на внимателност при движење по влажни коловози и на критични точки.

Поврзани содржини