ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ, ПА СТАБИЛЕН ВИКЕНД Од понеделник повторно ќе има невреме

До петок ќе се задржи променливо облачно, нестабилно и малку посвежо време со пороен дожд и грмежи. За време на викендот времето ќе биде стабилно и потопло, а од понеделник кон крајот на денот повторно се очекува локален пороен дожд и грмежи.

1,507

Денеска времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. На повеќе места ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд за кратко време(над 30л/м2) , грмежи, силен ветер (над 60 км/час) и град.

Во Скопје се очекува променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи, во делови од котлината во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, грмежи, силен ветер и појава на град.






До петок ќе се задржи променливо облачно, нестабилно и малку посвежо време со пороен дожд и грмежи. За време на викендот времето ќе биде стабилно и потопло, а од понеделник кон крајот на денот повторно се очекува локален пороен дожд и грмежи.

Поврзани содржини