Поречани најавуваат блокади и бојкот на изборите: Патот преку Јасен е голгота, не сме граѓани од втор ред!

Жителите во рамките на општината Македонски Брод ќе ги бојкотираат претстојните локални избори закажани за октомври оваа година, со што, како што велат, ќе го изразат огромниот револт спрема Владата и институциите кои мораат, а немаат слух за реалните потреби на граѓаните во насока на подобрување на условите на живот и работа.

1,180

Граѓанските здруженија од поречкиот регион и повеќе совети на месните заедници оранизираат протест, со неколкучасовна блокада на регионалниот пат 1106 во правец на село Батинци спрема шумскиот резерват „Јасен“ и на патот од селото Нова Брезница до браната Козјак. Протестот е поради повеќедецениско нерешавање на прашањето за изградба на регионален пат помеѓу населените места во рамките на Општината Македонски Брод и Скопје, а ќе се одржи на 25 јуни, петок во 11 часот.

Исто така во знак на протест ќе биде блокиран и булеварот Борис Трајковски пред раскрсницата со улицата Јустинијан Први во насока на село Драчево.






Жителите во рамките на општината Македонски Брод ќе ги бојкотираат претстојните локални избори закажани за октомври оваа година, со што, како што велат, ќе го изразат огромниот револт спрема Владата и институциите кои мораат, а немаат слух за реалните потреби на граѓаните во насока на подобрување на условите на живот и работа.

Тие велат дека досега во повеќе наврати поднеле барања до Владата, генералниот секретаријат и до кабинетот на премиерот, како и до ЈП за Државни патишта и до Министерството за транспорт, а одржале и средби со  надлежните институции за решавање на овој проблем.

Како што е познато од Скопје до Самоков и многу околни села сé уште се стига само низ резерватот Јасен и тоа само во три тремини во лето и два во зима. Траса долга 16,5 километри се вози по необезбеден пат широк само 2,5 метри и овој пат е прогласен за регионален пат кој ни најмалку не ги задоволува стандардите и е крајно ризичен за сообраќај на моторни возила со таков интензитет. Доколку се задоцни за овие термини, тогаш треба да се возат околу 200 км преку Кичево до Скопје.

– Ова е вистинска голгота и за оние 800 жители кои секојдневно одат на работа во Скопје, но и за сите жители на овој регион. Во овој крај инаку гравитираат 45 села и 6 викенд населби, кадешто постојано се градат викенд куќи. Иако, со изградба на акумулацијата Козјак беше најавено пробивање  две траси покрај езерото, со што би се решил деценискиот проблем  и ќе се остварат елементарните човекови права на жителите од Поречието, ова остана само на хартија. Постоење основна инфраструктура е од иклучителна важност за социјалниот и економскиот развој на општината Македонски Брод, особено за развој на туризмот, за што има навистина сериозни претпоставки – се вели во писмото од Здружение на граѓани „Поречки средби“, потпишано од претседателот Горан Ѓуроски.

Во сите дописи и средби, вели тој, укажавме дека непостоењето регионален пат резултираше со масовно иселување на жителите во околните градови, повеќето во Скопје, Тетово и Гостивар, а најмногу во странство што предизвика целосно замирање на стопанскиот и социјалниот живот во овој регион.

– Од овие причини Општината Македонски Брод е една од најзапоставените и најнеразвиените општини во Република Северна Македонија, што исто така резултираше со големо осиромашување на населението. Ние, жителите од Поречието, се чуствуваме како граѓани од втор ред во државата и излегува дека ниту Владата, ниту институциите не водат сметка за интересите на граѓаните, што е всушност и нивна обврска и затоа се чуствуваме навредени од крајно игнорантскиот однос на институциите кон нас со години наназад. Токму затоa, очекуваме нашето барање да биде најитно разгледано и прифатено на начин што изградбата на овој регионален пат ќе влезе во програмата на ЈП за Државни патишта уште во оваа година и во најкраток можен рок ќе започне изградбата на патот – порачуваат  од Здружение на граѓани „Поречки средби“.

 

 

 

Поврзани содржини