Поразот како скриен благослов

2,784

Податоциве за рејтингот на власта и за наводниот висок рејтинг на министерот Венко Филипче ме потсетија на политичката кариера на Винстон Черчил. Черчил, во својство на премиер на Велика Британија, ја доби Втората светска војна и неколку месеци после тоа ги загуби изборите. А беше убеден дека сигурно ќе ги добие.

Јас навистина не знам каков е рејтингот на партиите, но знам дека во услови на криза граѓаните во поголем број ја подржуваат актуелната власт, најмногу под притисок на стравот и хистеријата создадени од истата таа власт. Во моментот кога ќе се надмине стравот, граѓаните се враќаат во нормала, а со тоа и рејтингот на партиите се враќа на нивото пред кризата.






Патем речено, министерот Филипче, ако е паметен, не би требало да се расфрла со својот рејтинг, ззшто тоа е лоша препорака за него, особено пред неговите партиски шефови. Нема партиски шеф кој би прифатил било кој министер да има поголем рејтинг од него. Јас, пак, се мислам дека Филипче е првиот кој ќе падне како жртва во оваа драмолетка.

И да ја завршам приказната за Черчил:

Имено, после поразот, сопругата на Винстон баеѓи се израдувала и истиот го прокоментирала со зборовите: „Ова е скриен благослов“!

Черчил, пак, не ѝ останал должен и џентлеменски возвратил: „Ако е ова скриен благослов, тогаш тој благослов е навистина добро скриен“.

Уф, ми текна!

Знае ли некој кога лидеров на опозицијава планира да излезе од теретана? Па, време е „да покаже малку мускули“.

 

 

Поврзани содржини