ПОРАЗОТ КАКО ЛАДЕН ТУШ На Заев му текна да им напише СМС на другарите и другарките
Другари и другарки СДСМ е во акција! Разговарајте со граѓаните и уважете сечиј став. Барам секој од вас да повика на обединување за да продолжиме напред. Ваш Зоран Заев, стои во СМС пораката.
Лидерот на СДСМ Зоран Заев, пред вториот круг на локалните избори, со СМС порака до партиските членови, ги повикува да разговараат со граѓаните, да уважат сечиј став и да повикаат на обединување.
„Другари и другарки СДСМ е во акција! Разговарајте со граѓаните и уважете сечиј став. Барам секој од вас да повика на обединување за да продолжиме напред. Ваш Зоран Заев“, пишува во СМС пораката.