ПОРАЗИТЕЛНИ ПОДАТОЦИ НА ФАО Повеќе од 670 милиони луѓе во светот гладуваат, а 2,8 милијарди не се хранат здраво

останува порелевантна од кога било - да обезбеди подобро производство, подобра исхрана, подобра животна средина и подобар живот за сите преку иновации, партнерства и заедничко дејствување, наведуваат од Организацијата.

128

Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) денеска, по повод Светскиот ден на храната, објави дека иако светот произведува доволно храна за сите, 673 милиони луѓе се гладни, а 2,8 милијарди не можат да си дозволат здрава исхрана.

„Токму затоа мисијата на ФАО, која го слави својот 80-годишен јубилеј, останува порелевантна од кога било – да обезбеди подобро производство, подобра исхрана, подобра животна средина и подобар живот за сите преку иновации, партнерства и заедничко дејствување“ се вели во соопштението.






Исто така, се потсетува дека, во текот на осум децении работа, ФАО им помогна на земјите низ светот да го подобрат земјоделското производство, политиките за храна и квалитетот на исхраната.

„Од воспоставување меѓународни стандарди за безбедност на храната и искоренување на болести кај животните како што е говедската чума, до воведување системи за рано предупредување и дигитални решенија за земјоделството, ФАО придонесе во глобалната борба против гладот ​​и сиромаштијата“, се вели во соопштението.

Во денешното интервју за МИА Набил Ганги, заменик регионален претставник на ФАО за Европа и Централна Азија и шеф на Канцеларијата на ФАО во Северна Македонија вели дека ФАО  во сите земји, па и во Македонија и натаму ќе продолжи да ги поддржува структурните реформи, проширувањето на консолидацијата на земјиштето и другите инструменти за подобрување на структурата на стопанствата, зајакнувањето на семејните фарми и модернизацијата на земјоделската инфраструктура, истовремено поттикнувајќи одржливо управување со природните ресурси и климатска адаптација во земјоделството.

– ФАО работи рамо до рамо со Владата, Европската унија и националните институции за создавање посилно, поинклузивно и поодржливо земјоделство, со фокус на малите земјоделци, жените и младите – вели Ганги.

 

Поврзани содржини