ПОРАСТ ОД 6,3 ОТСТО НА ИНДУСТРИСКОТО ПРОИЗВОДСТВО ВО ФЕВРУАРИ Најголем пораст бележи рударството од 25,2 отсто

За два месеци од годинава споредени со двата месеца од 2021 година растот на производството во индустријата е 3,6 отсто.

277
Индустриското производство во првите два месеца од годинава во споредба со истиот период лани е зголемено за 3,6 отсто. Во февруари 2022 година, во однос на февруари 2021 година, пак, е поголемо за 6,3 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.





Гледано по сектори, индустриското производство во секторот „рударство и вадење на камен“ во февруари 2022 година, во однос на февруари 2021 година, бележи пораст од 25.2 отсто, во секторот „преработувачка индустрија“ од 4 отсто, а во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација од 9,6 отсто.

Податоците покажуваат  дека во февруари е забележан пад на производството во текстилната индустрија, и тоа кај производството на текстил за 14,5 отсто , а кај производството на облека од 0,3 отсто, потоа во производството на прехранбени производи и пијалоци и производството за опрема за транспорт.

Поврзани содржини