ПОРАСНАА ПЛАТИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЕВРОПСКИТЕ ИНСТИТУЦИИ Еве колкава е платата на Урсула фон дер Лајен
Од 2022 година, вработените во ЕУ добиваат повисоки плати двапати годишно на 1 јануари и на 1 јули.
Околу 66.000 вработени во институциите на Европската унија од април добиваат покачување на платите. Ова е седмо зголемување на платите од почетокот на 2022 година.
Априлското зголемување на платите е доплатата за 2024 година. Минатата година првично беше планирано зголемување од 8,5%, но бидејќи тоа се процени дека е премногу дури и за Европската комисија ја искористија таканаречената „клаузула за умереност“ и ги зголемија платите „само“ 7,3%. Останатите 1,2% следат сега во април, пишува BILD.
Минималната основна плата (без паушалните суми кои не се оданочуваат) ќе се зголеми од 3.361 евра на почетокот на 2024 година на 3.645 евра од април оваа година. Највисоката плата од 23.262 евра ќе се зголеми на 25.229 евра. Од ова зголемување имаат корист и членовите на Европската комисија.
Основната нето-плата на претседателката Урсула фон дер Лајен се зголеми за повеќе од 2.700 евра од почетокот на 2024 година на околу 34.800 евра месечно. Еврокомесарите сега ќе заработуваат околу 28.400 евра, што е зголемување од 2.200 евра.
Според весникот, вработените во ЕУ користат сосема нејасна формула за пресметување на нивните плати. Притоа се зема предвид инфлацијата во Брисел и Луксембург и развојот на платите во јавните служби на земјите-членки.
Вообичаено, платите се зголемуваат еднаш годишно ретроактивно од 1 јули. Но, поради силната инфлација во последните години, беше искористена посебна одредба, а дел од поскапувањето беше исплатено уште на 1 јануари.
Од 2022 година, вработените во ЕУ добиваат повисоки плати двапати годишно на 1 јануари и на 1 јули.
Годинава се можни дури три покачувања на платите, доколку стапката на инфлација не падне.