ПОРАСНА НАДВОРЕШНИОТ ДОЛГ Во првото полугодие се искачи на 4,48 милијарди евра
Според податоците на НБ, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 64%.
На 30 јуни нето надворешниот долг изнесувал 4,481 милијарди евра (или 30,8% од проектираниот БДП). Нето надворешниот долг на земјата, во вториот квартал од 2024 година е зголемен за 109 милиони евра, или за 2,5%, објави Народна банка.
Според податоците на НБ, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 64%.
Во текот на вториот квартал од 2024 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 185 милиони евра и изнесува 8,622 милјарди евра, што претставува 59,2% од проектираниот БДП за 2024 година.