ПОРАСНА ЦЕНАТА НА НАФТАТА Американската сурова нафта котира на берзите за 104,24 долари

Нафтата од типот „брент“ поскапе за седум проценти и достигна цена од 102,29 долари.

40

Цената на нафтата забележа значителен раст во раното тргување на пазарите, откако Соединетите Американски Држави соопштија дека од денеска воведуваат блокада на иранските пристаништа.

Котирањето на американската сурова нафта порасна за осум отсто, на 104,24 долари за барел, додека нафтата од типот „брент“ поскапе за седум проценти и достигна цена од 102,29 долари.






Во текот на војната со Иран, цената на нафтата „брент“ варираше драстично, достигнувајќи во одредени моменти и над 119 долари, по почетните 70 долари пред конфликтот во февруари.

Иран фактички ја контролира Ормуската Теснина, која е клучен воден пат за глобалниот транспорт на нафта. Централната воена команда на САД соопшти дека блокадата на иранските пристаништа ќе важи за сите пловила, без разлика на земјата на потекло, доколку влегуваат или излегуваат од иранските пристаништа или крајбрежните зони, вклучително и оние во Персискиот и Оманскиот Залив.

Поврзани содржини