ПОРАНО БЕШЕ НАЈПРОБЛЕМАТИЧНАТА ДЕВОЈКА ВО ХОЛИВУД Актерката сега објави дека се свршила (ФОТО)

Линдзи Лохан објави фотограии на кои таа и нејзиниот свршеник го покажуваат големиот свршенички прстен.

522

Американската актерка и пејачка Линдзи Лохан се сврши со своето момче Бадер Шамас.

Среќната вест ја објави на својот профил на Инстаграм, заедно со неколку фотографии на кои таа и нејзиниот свршеник го покажуваат големиот свршенички прстен.






„Мојата љубов, мојот живот, мојата иднина“, напиша Линдзи покрај фотографиите под кои е исклучена можноста за коментар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lindsay Lohan (@lindsaylohan)

„Индипендент“ наведува дека Шамас е помошник потпретседател во „Credit Suisse“ во Дубаи, каде Лохан живее во последните седум години. Свршувачката следувала откако биле во врска околу две години. Меѓутоа, тие одлучиле за тоа време да ја држат својата врска подалеку од очите на јавноста.

Некогаш најпроблематичната холивудска актерка се прослави со детските улоги во филмовите на „Дизни“ како „Стапица за родителите“ и „Лудиот петок“, а неодамна во јавноста стаса веста дека по долга пауза се враќа на актерството.

Линдзи ќе глуми во новиот празничен филм на „Нетфликс“ заедно со Chord Overstreet, а самата актерка се пофали со веста со објавување на Инстаграм.

„Враќање на работа и не можам да бидам посреќна! Акција!“, напишала Линдзи покрај фотографијата од филмот.

ФОТО: Инстаграм

 

Поврзани содржини