„Поранешното момче“ на Меган Маркл призна дека премногу се плаши да ѝ се јави

2,051

Патрик Џеј Адамс, 39-годишен американски актер кој го играше момчето на Меган Маркл во серијата „Костуми“, која таа ја снимаше пред да го запознае принцот Хари, откри дека е премногу исплашен за да ѝ се јави на Меган откако стана војвотка од Сасекс и принцеза. Тој рекол дека внимателно го следел нејзиниот напредок од моментот кога ја напуштила серијата и стана кралска невеста, а потоа избегала од кралското семејство и се преселила со Хари во САД, пишува „Мирор“.

Адамс рекол дека имало неколку моменти кога 38-годишната Меган и тој размениле пораки со честитки и подароци во моментите кога се родиле нивните деца, но дека сето ова време „од чист страв“ не се осмелил да ѝ се јави на Меган и да разговара со неа.






– Искрено, таа помисла ме плаши. Знам дека можам да ѝ се јавам на телефон во секое време и таа ќе ми се јави, но не знам што би ѝ рекол. Мислам дека тоа е чист страв – признал тој во интервју за „Радио тајмс“.

„Мислам дека се плашам да го пробијам тој некаков ѕид што постои околу идејата ние двајцата да разговараме сега кога таа е сопруга на принцот Хари“, заклучи актерот кој беше љубовник и момче на нејзиниот лик Рејчел Зејн, која ја глумеше во седум сезони на „Костуми“, пред да се омажи за Хари во мај 2018 година.

Патрик исто така рекол дека смета дека новинарите со нивниот упад во приватниот живот и непрекинатите критики ги принудија Меган и Хари да побегнат од Англија и кралското семејство.

– Знам какво срце е Меган и колку е сочувствителна, и тоа е неправедно – рекол тој.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини