📷 ПОРАНЕШНОТО МОМЧЕ НА ЦЕЦА ЌЕ СТАНЕ ТАТКО! Српскиот бизнисмен и мисицата чекаат бебе по венчавката

Поранешната мис и учесничка на ТВ ријалити шоуа Јована Љубисављевиќ и бизнисменот Богдан Срејовиќ, познат во јавноста по љубовната врска со пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ, неодамна го изговорија судбоносното „да“.

1,539

Поранешната мис и учесничка на ТВ ријалити шоуа Јована Љубисављевиќ и бизнисменот Богдан Срејовиќ, познат во јавноста по љубовната врска со пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ, неодамна го изговорија судбоносното „да“ во манастирот Грачаница, а сега споделија прекрасна вест.

 







Поранешната мисица е бремена, со што сега се пофали на социјалната мрежа Инстаграм.

Таа објави фотографија од свадбата со својот избраник, на која се гледа како Богдан ја бакнува во стомак, а следната фотографија беше јасна порака:

– Бебето доаѓа – гласеше текстот, додека во аголот имаше фотографија од бебе во стомакот.

 

Да потсетиме, фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ и угостителот Богдан Срејовиќ решија да стават крај на нивната емотивна врска во 2022 година, по една година врска.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини