Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и претставник од Сојузот на извидници на РСМ, денеска на прес-конференција ќе ја најават реконструкцијата на поранешниот објект „Матично“.
Според соопштенето од општина Центар, објектот ќе биде пренаменет за формирање нов Младински центар во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“.
Активноста е во рамки на програмата Денови на Општина Центар, која Општината ја организира од денеска до 6 ноември по повод прославувањето на својот 44 роденден.
– По тој повод, во изменети услови, кога целиот свет се справува со опасниот ковид-19, активностите годинава се насочени кон потврдување на дејствувањето на општината како хумана, одговорна, отчетна и општина по терк на граѓаните.
За да им помогне на основните училишта поуспешно да ја реализираат on line наставата, од Оштината информираат дека обезбедиле 60 лаптоп компутери со што придонесуваме за поквалитетно образование во време на пандемија.
Во среда, на 4.11.2020, наградата „Феникс“ ќе биде доделена на физички и правни лица од општината Центар како знак на општествено признание за особени постигнувања во стопанството, науката, уметноста, културата, спортот, воспитувањето и образованието, заштита и унапредување на животната средина и природата, како и во други области на трудот и творештвото од значење за развојот на општината и нејзина афирмација.