Поранешните девојки изнесоа шокантни детали за Милош Биковиќ, сега се огласи и актерот (ФОТО)

2,967

По повеќедневното медиумско внимание поради изјавите на неговата поранешна девојка која го прозва на непријатен начин, актерот Милош Биковиќ првпат се огласи.

Прва во јавноста се обрати руската танчарка Ариана Волошина која тврди дека поради Биковиќ немала свој живот, но и дека во нивната врска не покажал нималку човечност, односно дека бил многу груб.






Волошина напиша дека Биковиќ е личност „чијшто егоцентризам ги надминал сите граници“, како и дека имала надеж дека во него има нешто човечно.

„Околу една година не го живеев својот живот, бидејќи бев во врска со Милош Биковиќ. Морав да размислувам за мојот имиџ, угледот (што му е најважно, но за жал, сликата на екранот не одговара на реалноста, особено е застрашувачка кога човек го споменува Бог на секој чекор). Ја имав последната надеж дека има нешто човечко во неа. Но, на 31 јули, сѐ беше целосно разрешено. Човекот се однесуваше многу грубо“, напишала, меѓу другото, Волошина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ᎯℜíℕᎯ💋 (@arinavoloshina)

Потоа се огласи и српската манекенка Барбара Таталовиќ која ѝ пружи поддршка на Ариана и рече дека се препознава во сето она што танчарката го изнела за актерот и дека се чувствувала исто.

Наводно, позадината на целиот случај се нерасчистени приватни односи кои личности од опкружувањето на Биковиќ дури ги нарекуваат „чиста уцена“.

По изјавите на поранешните девојки, Биковиќ конечно одлучи да се огласи, а тоа го направи преку својот инстаграм-профил.

„Секогаш ќе ги почитувам девојките со кои сум бил во некој период од мојот живот и не сакам јавно да зборувам за интимата. Кога ќе престанат љубовта или пријателството, секој од партнерите може на поминатото време може и главно гледа поинаку. Мојот однос кон тоа секогаш ќе биде ист. Пред сѐ, сакам да го задржам достоинството и почитта дури и кога за мене изнесуваат невистини. Секој има право јавниот простор да го користи како што смета дека е најсоодветно – некој споделувајќи ја својата интима, некој своите професионални достигнувања. Тоа е прашање на личен избор, но и на личен вкус. Исто како што постои причина зошто приватниот живот се нарекува „приватен живот“, постои и причина зошто поранешната љубов и односи се токму тоа – поранешни.

П.С. Мислам дека постојат многу поважни теми од општ интерес за кои би требало да се зборува“, напишал Биковиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miloš Biković (@bikovic)

ФОТО: Инстаграм
.

 

Поврзани содржини