ПОРАНЕШНИОТ УКРАИНСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ СОПРЕН НА ГРАНИЦА Порошенко бил спречен да ја напушти земјата
Порошенко двапати бил запрен на граничниот премин со Полска додека одел на состанок на Парламентарното собрание на НАТО, се наведува во соопштението, пренесе Ројтерс.
Поранешниот претседател на Украина Петро Порошенко бил спречен да ја напушти Украина за да учествува на состанокот на НАТО во Литванија, соопшти денеска парламентарната фракција на неговата партија.
Порошенко двапати бил запрен на граничниот премин со Полска додека одел на состанок на Парламентарното собрание на НАТО, се наведува во соопштението, пренесе Ројтерс.
Украинските медиуми објавија дека Порошенко не можел да ја помине границата поради технички проблеми со дозволата што му овозможува да ја напушти земјата.
– Порошенко ги доби сите формални дозволи да ја напушти земјата и беше вклучен во официјалната делегација на украинскиот парламент за овој настан – соопшти неговата парламентарна фракција „Европска солидарност“.