ПОРАНЕШНИОТ СУДИЈА ВЛАДИМИР ПАНЧЕВСКИ СЕ ПРИЈАВИ ЗА ДРЖАВЕН ОБВИНИТЕЛ Ги исполнува условите за избор на функцијата

Во пријавата на Панчевски се наведува дека тој ги исполнува сите законски услови за извршување на функцијата државен јавен обвинител.

6

Поранешниот претседател на Основниот суд Скопје Владимир Панчевски се пријавил на огласот за државен јавен обвинител, што го распиша Собранието.

Во пријавата на Панчевски се наведува дека тој ги исполнува сите законски услови за извршување на функцијата државен јавен обвинител.






Тој до надлежните органи доставил целосна предлог-документација и докази за исполнување на општите услови утврдени во член 61 од Законот за Јавното обвинителство, како и докази за исполнување на посебните услови.

Љупчо Коцевски во декември поднесе неотповиклива оставка на функцијата државен јавен обвинител. До изборот на нов функцијата ја врши Анита Тополова-Исајловска, досегашен заменик-републички јавен обвинител.

И поранешниот шеф на Вишото обвинителство Скопје, Мустафа Хајрулахи најави дека ќе се пријавуви за функцијата.

Постапката за избор на нов државен јавен обвинител почна со огласот што го распиша Собранието на 12 јануари годинава, со рок за пријавување од 15 дена од денот на објавувањето во „Службен весник“.

Кандидатите мора да имаат непрекинат работен стаж од најмалку 10 години како јавни обвинители или судии од областа на кривичното право.

Поврзани содржини