Поранешниот советник на Трамп: Однесувањето на Бајден е закана за безбедноста на САД
Милер ги посочи Русија, Кина, Иран и Венецуела како главни противници на САД на светската сцена.
Поранешниот советник на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, Стивен Милер, изјави дека однесувањето на сегашниот американски лидер Џо Бајден е закана за безбедноста на земјата.
– Нашите противници се насекаде низ светот, нè гледаат нас и нашиот главен претставник, нашиот претседател кој не е во состојба да се справи со едно обично интервју, и кој трипати падна качувајќи се по скали. Тажно е да се види такво нешто – изјави тој за „Фокс њуз“.
Милер ги посочи Русија, Кина, Иран и Венецуела како главни противници на САД на светската сцена.
Говорејќи за падот на Бајден, Милер рече дека многу пати се качил по тие скали до претседателскиот авион и оти тие никогаш не биле лизгави.