Рајан Дорси, поранешен сопруг на Наја Ривера, која се удавила за време на излет со својот син, започна правна битка со округот Вентура во Калифорнија, како што се случила трагедијата.
Тој покренал тужба во име на нивниот петгодишен син Џоси, тврдејќи дека можела да се спречи несреќната смрт на неговата поранешна сопруга.
Во тужбата, пренесува „Фокс њуз“, се наведува дека актерката не била „информирана и предупредена за опасните услови на езерото Пира, каде изнајмила брод“. Вели дека процесот на изнајмување на чамецот траел неколку минути и никој од вработените не ја предупредил Наја за можни опасни услови како што се силни струи и ветер.
Иако на актерката и понудиле спасувачки елек , таа одбила, а вработениот сепак го ставил во бродот,но во тужбата се споменува дека тоа не било доволно.
„Тие не ја предупредија дека мора да носи спасувачки елек, а не само да го стават во чамецот. Инспекцијата покажа дека чамецот не бил доволно опремен во случај на несреќа и постои законска одредба дека морале да го обезбедат“, се наведува во тужбата.
„Немаше безбедносни скали, јажиња, сидра, радија или други безбедносни механизми во чамецот за да се спречи лицето да се оддалечи од чамецот додека плива“, се додава во тужбата.
Телото на актерката било пронајдено во езерото овој јули, пет дена откако исчезнала за време на излетот со нејзиниот син.
„Изгледа дека собрала доволно сили да го врати својот син во чамецот, но не и да се спаси“, соопшти полицијата откако потврди дека ја пронашле.
Синот го пронашол екипажот на друг чамец како спие облечен во спасувачка јакна. Немало трага од неговата мајка.
Како што раскажало детето, тој и неговата мајка отишле на пливање. Таа му помогнала да се врати во чамецот, а кога тој се свртел, ја видел како исчезнува во водата, изјавил шерифот на округот Вентура, Бил Ајуб.
View this post on Instagram