📷 ПОРАНЕШНИОТ СОПРУГ НА СЕВЕРИНА СЕ ОЖЕНИ ВО НОВАТА ГОДИНА Игор Којиќ го прослави Божиќ во црква со 15 години помладата сопруга

Синот на српскиот фолк пејач Драган Којиќ - Кеба, Игор Којиќ, го прослави Божиќ со својата нова сопруга Софија Дачиќ, која е 15 години помлада.

2,404

Синот на српскиот фолк пејач Драган Којиќ – Кеба, Игор Којиќ, го прослави Божиќ со својата нова сопруга Софија Дачиќ, која е 15 години помлада.

Игор Којиќ и неговата сопруга отишле пред црквата на палењето на бадниковиот оган, а Софија ги снимила најубавите моменти од таа вечер.

 






Кога започнал огнометот, Игор Којиќ ја прегрнал и бакнал сопругата. Тие двајца се смееле и разменувале нежности пред сите.

Игор ја потврди убавата вест за српски „Блиц“ и откри дека тој и неговата сопруга добиле признание од општината.

– Вистина е дека јас и мојата сопруга добивме награда и признание од општина Нов Белград како прва брачна двојка во 2025 година. Софија е мојот дар од Бога. Прва, последна, единствена и вистинска љубов. Среќен Божиќ на сите, Христос се роди – рекол младоженецот.

Инаку, Игор Којиќ претходно беше во брак со хрватската пејачка Северина Којиќ, а се разведоа во 2021 година.

Поврзани содржини