ПОРАНЕШНИОТ СОПРУГ НА ДЕНИЗ РИЧАРДС НА РАБОТ НА БАНКРОТ Арон Пајперс бара 150.000 долари за да не стане бездомник
Немам повеќе пари и сум во очајна финансиска ситуација. На работ сум да бидам принуден да ја напуштам куќата во која живеам. Моите комунални услуги (вода, струја, гас) веќе се исклучени, напишал Арон Пајперс, поранешниот сопруг на Дениз Ричардс во новите судски документи за нивниот развод.
Арон Пајперс, идниот поранешен сопруг на актерката Дениз Ричардс, откри дека е на работ на банкрот и дека наскоро би можел да стане бездомник.
– Немам повеќе пари и сум во очајна финансиска ситуација. На работ сум да бидам принуден да ја напуштам куќата во која живеам. Моите комунални услуги (вода, струја, гас) веќе се исклучени – напишал тој во новите судски документи за разводот.
Пајперс тврди дека би можел да биде избркан од куќата во Калабасас, куќа под кирија што некогаш ја делел со Ричардс, бидејќи должи половина од 120.000 долари за заостаната кирија. Дениз ја должи другата половина, бидејќи е исто така наведена во договорот за закуп. Дениз претходно тврдеше дека се иселила од куќата пред неколку години, а Арон сега тврди дека таа сè уште е одговорна за киријата бидејќи ги оставила своите 15 кучиња и „значајна количина лични работи“ во куќата.
Актерката неодамна се вратила во нивниот поранешен дом за да ги земе своите работи, а Пајперс сега тврди дека му украла медицински уред и сет тегови. Тој исто така рече дека таткото на актерката, Ирв, рекол дека Денис планира да ги продаде предметите, иако не ја знае нивната вредност.
– Ми треба оваа опрема за да заработам за живот, а таа ме спречува во тоа. Се надевам дека ќе можам повторно да ја користам за деловни цели за да остварам приход. Понатаму, немам средства да изнајмам камион за преселба за да ги собере овие уреди. Исто така, постои ризик од непоправлива штета ако таа ја исполни својата закана и ги продаде – напишал тој во документите. Додал дека покрај парите за секојдневните трошоци, му требаат дополнителни 10.000 долари за да им плати на адвокатите да му помогнат да ја финализира постапката за развод.
Актерот тврди дека тој и Дениз имале милиони долари на заеднички сметки пред да поднесе барање за развод и сега сака пристап до тие сметки. Тој исто така рекол дека ѝ помогнал на Дениз со нејзината кариера на страниците за содржини за возрасни и дека има право на парите што ги заработила на платформата.
Пајперс бара 150.000 долари од заедничките сметки, кои му се потребни за да „преживее, да ги отплати долговите и да живее како нормален човек“.
– Постои реална опасност или непоправлива штета ако не ги добијам уредите бидејќи моите родители и јас ќе бидеме избркани и ќе останеме без дом и финансии за да одиме било каде – додал тој. Ричардс не сакала да ги коментира новите документи поднесени од нејзиниот поранешен, но побарала од судот да го одбие неговото барање.
Во текот на летото, Арон ја критикуваше Дениз за нејзиното прекумерно трошење, што вклучуваше трошење 25.000 долари месечно за храна и 20.000 долари за облека. Тој исто така изјави во тоа време дека бара брачна издршка бидејќи немал приходи.
Денис и Арон се венчаа во септември 2018 година, а тој поднесе барање за развод во јули оваа година.