Поранешниот претседател на Полска и нобеловец Лех Валенса тврди дека поради пандемијата со новиот коронавирус банкротирал.
– Ова година никој нема да добие подароци од мене, бидејќи банкротирав – изјави Валенса на полската телевиозија „Полсатњуз“ по повод Божик.
Тој додаде дека во минатото многу патувал и држел предавања од кои заработувал.
– Тоа сега за мене е минато поради пандемијата – посочи Валенса.
Според полските медиуми, пензијата на поранешниот претседател на Полска изнесува 1.300 евра.
Валенса се пожали и дека не го слушаат ниту членовите на семејството.
– На сопругата и на децата им е доста од моите политички активности. Тие не ми дозволуваат да дојдам до збор. Затоа седам мирно на маса и на никого не му паѓам во очи – истакна Валенса.
Тој од 1980 до 1990 година го предводеше синдикатот Солидаррност, кој придонесе за пад на комунизмот во Полска. Во 1983 година ја доби Нобеловата награда за мир, а од 1990 до 1995 година беше претседател на Полска.