Поранешниот премиер и поранешен лидер на социјалдемократите Владо Бучковски ќе биде специјален претставник на македонската Влада за Бугарија, потврдуваат од Владата за Плусинфо.
Тој на оваа позиција е именуван во текот на денешниот ден.
Бучковски му даде отворена поддршка на премиерот Заев по неговото интервју за БГНЕС, кое предизика лавина реакции и протести во Македонија.
– Северна Македонија нема алтернатива. Европската Унија (ЕУ) е нашата стратешка цел, затоа мора да се избориме за почетокот на преговорите со ЕУ. Заев од петни жили се бори за нашата европска иднина во духот на европските вредности – рече Бучковски.
Во интервју за бугарски медиум неодамна изјави дека „Скопје и Софија треба да дадат поголема шанса на заедничката комисија да ги реши отворените прашања“.
– Јас сум поборник на тезата дека ако Бугарија го искористи правото на вето, ја пропушта историската шанса да докаже на сите оние кои ги оддалечуваат двата народа во изминатите 60 години, дека нашите врски се нераскинливи – рече Бучковски во интервју за бугарската телевизија ТВ Европа.