Поранешниот пратеник на ДУИ демантира дека се вработил како Македонец

Во својата објава на Фејсбук, Кадрија ја нападна Алијансата за Албанците и објави неколку документи кои според него се оригинални.

461

Поранешниот пратеник ан ДУИ, Бајрам Кадрија, демантира дека бил вработен откако конкурирал како Македонец во 2020 година.

Во својата објава на Фејсбук, Кадрија ја нападна Алијансата за Албанците и објави неколку документи кои според него се оригинални.






Некои медиуми објавија документ за тоа како пратеникот на ДУИ, Бајрам Кадрија, во текот на 2020 година се прогласил за Македонец, за да добие работа во Уметничката галерија.

Пратеникот кој бил дел од Собранието до јули минатата година наводно потпишал документ со кој тврди дека е Македонец по што го добил посакуваното работно место со плата од над 37.000 денари.

Поврзани содржини