Поранешниот напаѓач на Арсенал „изгорел“ 9 милиони фунти на покер

Играв покер против професионалци. Изгубив огромни пари, нереално голема цифра. Станува збор за околу 9 милиони фунти - рекол Бентнер.

660

Поранешниот напаѓач на англискиот прволигаш Арсенал, Никлас Бентнер, за магазинот „Сан“ признал дека во животот имал поради играњето покер, а како што вели, во Лондон работите целосно излегле од контрола.

– Играв покер против професионалци. Изгубив огромни пари, нереално голема цифра. Станува збор за околу 9 милиони фунти – рекол Бентнер.






Тој додава дека умеел да се контролира, но дека сепак проблемите не биле изоставени.

– Имав проблеми со коцкањето, но секогаш имав контрола. Сега имам група на пријатели со коишто играм, но влогот не е поголем од 12 фунти – раскажал тој.

Инаку, Бентнер играше во Арсенал од 2005 до 2014 година.

Поврзани содржини