ПОРАНЕШНИОТ НА МОНИКА БЕЛУЧИ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ОДЛЕПИ ОД НЕА Ужива со 31 година помладата сопруга (ФОТО)

Актерот и манекенката пред неколку дена биле уловени на плажа во Рио де Жанеиро.

1,284

Славниот француски актер Винсен Касел (55) ја прегрнувал и бакнувал својата сопруга Тина Кунаки и изгледале многу среќано, па многумина заклучиле дека и по седум години откако се заедно, нивната љубов е уште посилна. Тие пред неколку дена биле уловени на плажа во Рио де Жанеиро.

Тина Кунаки е 31 година помлада од Касел. Касел е инаку поранешен сопруг на една од најубавите жени во светот, италијанската актерка Моника Белучи.

Но, тие се разведоа пред години, а Касел сега ужива во бракот со младата манекенка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by showbuzz.hr (@showbuzzhr)


Тина која е инаку успешна манекенка, изгледала божествено – таа ја покажала својата извајана фигура, но и францускиот актер изгледал одлично.

Тина и Венсан се заедно од 2016 година, а се запознале кога манекенката имала само 19 години. Разликата во годините не влијаела на нивната љубов која во 2019 година ја крунисаа со раѓањето на ќерката Амазонија.







Манекенката во една прилика спомнала дека не ни знаела дека Венсан е актер кога се запознале.

„Ние сме само двајца луѓе кои се затекнаа на исто место, во исто време, додека привлечноста беше заемна. Ова е едно од оние прекрасни изненадувања кои се случуваат во животот“, објаснила Тина.

Касел исто така во една прилика нагласил дека неговата сопруга е „божествено суштество без кое не би можел да живее“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by tina kunakey (@tinakunakey)

Поврзани содржини