Поранешниот министер Никола Поповски бара Мицкоски да признае пораз на изборите

2,018

Никола Поповски,  поранешен министер за надворешни работи и пратеник во последниот состав на Собранието, бара лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да признае дека ги изгубил изборите, објавува ТВ24.

– Дури и да испаднеше како што најавуваа нашите и да добиевме 57 пратеници, формирање влада ќе беше тешко. На изгубени избори, не е полесно. Минимум за тоа дека сме ја сфатиле пораката на гласачите е да се држиме до најавеното пред изборите. Во спротивно, во следната рунда може дури и бетер да минеме. Ако и сега некој е изненаден, тогаш никој нема да биде. Веднаш да најавиме дека недвосмислено, со оглед на исходот, остануваме во опозиција, ќе биде побезболно за членството, отколку да создаваме нереални надежи за да потоа ги разочараме дополнително, по кој знае кој пат – изјави Поповски

 

Поврзани содржини