ПОРАНЕШНИОТ ФУДБАЛЕР НА АРСЕНАЛ НАПАДНАТ СО НОЖ НА УЛИЦА Напаѓачот му го отсекол увото

Како што наведуваат, Данецот мирно шетал со пријател, а потоа изненадувачки се појавило непознато лице и ги нападнало.

796

Поранешниот играч на Арсенал и на Јувентус, Никлас Бендтнер е нападнат со нож на улица во Њујорк, пренесува „Сан“.

Како што наведуваат, Данецот мирно шетал со пријател, а потоа изненадувачки се појавило непознато лице и ги нападнало.






Така екс голгетерот заработил повреди на лицето и на увото, по што е пренесен во болница, но е во добра состојба.

Никлас Бендтнер ги бранеше боите на Арсенал, Бирмингем, Сандерленд, Јувентус, Волфсбург, Нотингем Форест, Розенборг и Копенхаген. За Данска одигра 80 натпревари.

Поврзани содржини